Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со прва порака по елиминацијата во Париз: Ова беше…

Објавено

на

foto: x.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја мине полуфиналната рунда на Ролан Гарос каде за ривал го имаше првиот светски рекет Јаник Синер.

Иако Србинот се бореше на крајот загуби со 3-0 во сетови и ќе мора да почека некоја друга можност за 25. грен слем трофеј во кариерата.

Ѓоковиќ меѓу редови најави дека ова можеби ова е и неговиот последен настап на Френч Опен, ама се остави отворено. Сега големиот шампион малку ќе одмори и потоа ќе се фокусира на Вимблдон, но претходно со порака на социјалните мрежи го заокружи настапот во Париз и се што му се случуваше во текот на овие две седмици.

-Париз, ти ја имаш мојата благодарност. Благодарам за неверојатната поддршка на место кое е многу посебно за мене. Искрено, ова е една од најголемите поддршки што сум ги добил во мојата кариера. Браво Јаник. Ти благодарам Ролан Гарос, се гледаме наскоро, -напиша српскиот рекет.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни