Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со порака до својот ривал во четвртфиналето: Трофејот од ЛШ е само изговор за да ме шпионираш (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ фуриозно се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос и не му даде никаква шанса на Камерон Нори, но после четири успешни положени теста, Србинот ќе го има првиот голем предизвика во четвртфиналето.

Трикратниот шампион на Ролан Гарос ќе игра против добро познатиот познаник Александер Зверев, а во пресрет на дуелот кој е закажан за утревечер на „Филип Шатрие“, Ноле не пропушти шанса да го „пецне“ ривалот.

Со оглед на извонредниот однос кој го имаат двајцата, подготовките за четвртфиналето одат во релаксирачка атмосфера, па Новак ја искористи сликата на Зверев со трофејот од Лигата на шампиони за да му испрати „поздрав“.

– Кажи ја вистината. Беше таму за да ја шпионираш мојата игра. Гледањето на трофејот е само изговор, – му порача Ѓоковиќ на Зверев.

Инаку, вчера Усман Дембеле како најдобар играч на ПСЖ го претстави „клемпавкото“ на Френч Опен, па голем број од тениските ѕвезди го искористија моментот за да се сликаат со трофејот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни