АТП
Ѓоковиќ со јасен заклучок откако му одржа лекција на Алкарас: Карлос и Надал не се слични!
Новак Ѓоковиќ му одржа тениска лекција на Карлос Алкарас и го збриша во полуфиналето со 6:3 и 6:2, но и покрај тоа не штедеше комплименти за тенисерот кој се покажа како најголем негов ривал оваа сезона.
Младиот Шпанец беше човекот кој го оневозможи да освои календарски слем такашто го победи во финалето на Вимблдон, но за разлика од тој меч и оној во Синсинати, Алкарас едноставно немаше решение за Ноле во затворени услови и претрпе најтежок пораз во меѓусебните пресметки со Србинот.
Светскиот рекет број еден сега води 3:2 во дуелите со младиот Шпанец, за кого вели дека е комплетно поразличен играч од Рафаел Надал, иако шпанските медиуми постојано пронаоѓаат сличности меѓу двајцата.
– Одиграв најдобар меч оваа недела и еден од најдобрите оваа сезона во затворени услови. Карлос беше најголем ривал за мене оваа сезона, имавме епски битки и сите очекувавме да имаме нов маратонски меч и долга ноќ. Сепак, успеав да направам исчекор кога направив брејк во првиот сет, а после тоа одиграв перфектен меч. Вршев пресинг на неговиот сервис, добро сервирав кога беше потребно и одиграв еден од најдобрите мечеви во сезоната.
– Алкарас како Надал? Не, не верувам дека е така. Тие се различни тенисери. Може да се споредуваат само по интензитетот кој го носат на теренот, но во се друго, Карлос е сосема различен тенисер. Тој е еден од најкомплетните со кои се имам соочено во мојата кариера. Тоа што го прави е навистина импресивно за оваа возраст, сите знаеме дека беше најмлад број еден во историјата. Веќе има брилијантна кариера и сите знаеме дека ќе биде исполнета со успеси во иднина. Тој е премногу млад, но го вади најдоброто од мене, прави да го подготвував мечот на најдобар можен начин. Поради тоа го споредувам со моите најголеми ривали во кариерата, Надал и Федерер. Против нив морав да изелзам на теренот во моето најдобро светло ако сакав да имам шанси да победам, – изјави Ѓоковиќ кој денеска подоцна ќе игра финале со Синер.
-
АТП24 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија12 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија4 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет11 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)