АТП
Ѓоковиќ смета дека заслужува призание: Сакам да доживеам нешто слично како Надал

Рафаел Надал доживеа неверојатна почит и чест од организаторите на Ролан Гарос и беше испратен од „Филип Шатрие“ како најголем шампион во историјата на Френч Опен, па покрај овациите и трофејот за заслуга кој го доби за време на церемонијата, Шпанецот на централниот терен доби и уникатна плакета која ќе остане врежана во земјата засекогаш.
Поради 14-те освоени титули на тенискиот грен слем во Франција, Надал доби чест каква што навистина заслужува, а во ситуација кога целиот настан одблиску го следеше и Новак Ѓоковиќ, во мислите на Србинот се разбуди една интересна идеја.
Ноле на новинарите им откри дека добил интересно размислување од членовите на неговиот тим, кои сметаат дека и тој заслужува признание како ова што го доби Надал, но од организаторите на Аустралијан Опен каде Србинот е десеткратен шампион.
– Неколку членови од мојот тим ја споменаа таа идеја по церемонијата за Надал, сметаат дека Аустралијан Опен треба да се докаже и покаже како што тоа го направи Ролан Гарос.
– Јас немам некои очекувања, искрено тоа е мисла на мојот тим, но секако дека би сакал да доживеам нешто слично. Поготово би сакал во Австралија, но и на сите останати грен слем турнири каде оставив трага. Би сакал да ми се покаже почит за се што направив за тенисот, а дали ќе дојде до такво нешто навистина не знам, – изјави Ѓоковиќ.
-
Светски првенства6 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија12 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет20 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија20 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП11 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства6 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Италија18 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)