Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ оствари тешка победа, па му се обрати на Рожер: Добро е што го прекинав проклетството „Федерер“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ се мачеше со пронаоѓање на вистински ритам и одигра меч далеку од својот посакуван просек, но и покрај тоа, Србинот го пронајде патот до победата и со пресврт славеше над Алекс Де Минор.

Откако го доби првиот сет со 6:1, Австралиецот сериозно се закани и имаше амбиции да игра одлучувачки петти сет, но такво нешто не дозволи Ноле кој направи серија од 5:0 во финишот за конечни 6:4, 6:4 и 6:4.

Во неочекувано тешки околности, Србинот се пласираше во 16-то четвртфинале на Вимблдон, а тоа го направи пред очите на еден од најголемите ривали во неговата кариера, Рожер Федерер.

Додека ја објаснуваше тешката победа на Де Минор, Ноле не пропушти да ја апострофира препознатливата игра која ја имаше Швајцарецот на централниот терен на Вимблдон, па потоа му се обрати и истакна дека е среќен што конечно го прекинал проклетството кога е тој на трибините.

– Некогаш би сакал да имам сервис-волеј решенија како овој господин тука (Федерер), но не можам да се жалам. Можам да трчам и како што одминуваше мечот, го пронајдов мојот ритам на форхенд, почнав подобро да го удирам топчето.

– Ова мислам дека е првпат како ме гледа, а јас да победам на еден меч. Мило ми е што го урнав тоа проклетство. Добро е што го имаме тука тој е огромен шампион кој многу го почитувам, некој со кој го делев теренот со години. Вистинска чест е тоа што го гледаме на неговиот најуспешен и најомилен турнир, – изјави Ноле.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни