Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го „збриша“ британскиот предизвикувач и стигна до важен јубилеј на Ролан Гарос (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ по 59-ти пат во својата кариера се пласираше во едно четвртфинале на грен слем турнир, а во среда ќе го игра своето 19-то четвртфинале на земјените терени на Ролан Гарос.

Големиот шампион ја темпираше формата за вториот грен слем и со пласманот во втората недела јасно стави до знаење дека атакува на трофеј, па денешното издание е само потврда дека има навистина највисоко амбиции.

Ноле загуби еден сет од Камерон Нори пред две недели, но сега не му даде никаква шанса на британскиот предизвикувач и го „збриша“ од теренот за 2 часа и 14 минути игра.

Ѓоковиќ славеше со 6:2, 6:3 и 6:2 и оствари навистина убав јубилеј на Ролан Гарос, бидејќи ова за него беше 100-та победа на францускиот грен слем.

Ноле има една победа помалку на Аустралијан Опен, 97 на Вимблдон и 90 победи на Ју-Ес Опен. Ѓоковиќ е единствениот тенисер кој има над 90 победи на сите четири грен слем турнири, а сега за два дена ќе игра и за ново полуфинале на Ролан Гарос и 101-ва победа, и тоа против Александер Зверев кој денеска без многу борба се најде меѓу осумте најдобри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни