Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ѓока: Нема добар резултат со толку промашени шанси

Објавено

на

Тимот на Шкендија не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и загуби од Мура со 1-0 во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион имаше иницијатива, создаде доволно шанси, промаши и пенал, па сега ќе мора шансата да ја бара во реваншот во Словенија.

-Бевме подобри од противникот, создававме шанси, меѓутоа не успеавме да постигнеме гол. Нема добар резултат со толку промашени шанси, ќе се обидеме да го надоместиме она кое го пропуштивме на овој дуел. Нема потреба да ја менуваме нашата игра, меѓутоа ќе мораме да бидеме пофокусирани во завршницата, -истакна тренерот Ернест Ѓока.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни