Европски купови
Галевски: Ако го спроведеме тоа што ни кажува тренерот, ќе се радуваме на европски трофеј

Тимот на Алкалоид е на чекор од најголемиот успех во својата историја, освојување на европски трофеј, но за да се случи тоа ќе мора да одигра уште еден квалитетен меч со грчки АЕК.
Македонскиот прволигаш оствари триумф од 29-25 на првата средба на гостински терен и сега има отворен пат да дојде до конечно славје во ЕХФ Европскиот Куп.
Салата „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета до последно место затоа што повеќе нема карти за овој настан, па играчите се убедени дека ако го спроведат планот на тренерот Кирил Лазаров, тогаш сигурно нема да изостане резултатот.
-АЕК е една искусна и доста квалитетна екипа, со играчи етаблирани во светскиот ракомет. Иако имаме плус четири, нема да биде воопшто лесно, затоа што знаеме каква екипа доаѓа во Скопје. Имаме позитива која ја немавме на гостински терен, тоа е нашата публика. Знам дека ако сме добри, ако го спроведеме тоа што ни кажува тренерот, можеме да се радуваме и да освоиме европски трофеј што не е мала работа за нас, за клуб кој постои четири години, -вели голманот Иван Галевски.
-АЕК е една одлична екипа составена од добри играчи. Иако има минус четири, верувам дека ќе направат се да се покажат во најдобро светло. Наше е да ја играме нашата игра како и претходно. Се подготвуваме, да ги намалиме техничките грешки и со цврста одбрана да дојдеме до нова победа и историски европски трофеј, -порача пак искусниот кружен напаѓач Иван Маркоски.
-
Англија23 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Свет23 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства9 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија18 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија23 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП22 часа
Мекинро за Ѓоковиќ: Не можете да го победите времето, не знам дали е повреда…