Поврзете се со нас

Германија

Флик испрати порака откако Баерн и официјално го назначи Нагелсман за негов наследник: Жалам само за едно!

Објавено

на

Баерн Минхен и официјално потврди дека Јулијан Нагелсман ќе биде нов тренер на првиот тим во наредните пет години, откако клубот и дефинитивно реши да му ја исполни желбата на Ханси Флик кој самостојно побара раскин на договорот и заминување од „Алијанц арена“.

Флик испиша историја во Минхен и стана првиот тренер кој освои шест титули во една календарска година, па во моментите кога Баерн го испрати официјалното соопштение за потврда на Нагелсман како нов тренер, сподели и изјава од се уште актуелниот стручњак кој ќе ја доработи оваа сезона.

Интересно, Ханси во своето обраќање испрати благодарност и до Хасан Салихамиџиќ, човекот со кого имаше најголеми недоразбирања и кој е главна причина за негово заминување од клубот.

– Изминативе неполни две години ќе бидат незаборавни за мене. Навистина уживав во сите проживеани емоции, уживав во победите, во титулите, во секојдневната работа на тренинзите.

– За успех се потребни повеќе луѓе, ова не е само мој успех. За да остварите успех, треба да работите заедно, тренерот не е ништо без тимот и бев доволно среќен да се сретнам со неверојатни играчи во Минхен, а секако и стручен штаб што заслужува секакви пофалби. Ви благодарам момци, од срце ви благодарам.

– Специјална благодарност и до тренерот Хајнер, како и до комплетниот борд на директори предводен од Румениге, Кан и Салихамиџиќ. Тие ми дадоа шанса да го тренирам овој тим и вечно ќе им бидам благодарен. Жалам само за едно. Не можевме да ги прославиме сите овие големи успеси со нашите фанови, ми недостасуваа на секој натпревар. Му посакувам на цело семејство на Баерн многу успеси во иднина, беше вистинска чест да бидам дел од истото, – вели Ханси Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни