Европски купови
Фленсбург издоминира во финалето и ја одбрани титулата во Европската лига на ЕХФ

Фленсбург ја одбрани честа на Германците и успеа да излезе како победник во големото финале на Европската лига на ЕХФ, натпреварување кое својот завршен чин го имаше вечерва во Хамбург.
Фајнал-фор турнирот во германскиот град заврши со победа на Фленсбург на завршниот меч, и тоа во пресметка која беше едносмерна од почетокот до самиот крај.
Монпелје успеваше да има минимална предност само во првите седум напади и последно водеше со 4:3, по што почна доминација на Германците кои ги преземаа работите во свои раце.
Ракометарите на Фленсбург се наметнаа со агресивниот пристап во одбрана и во напад и брзо се одлепија на плус шест, па веќе до крајот на полувреме стана јасно дека Французите ќе имаат пеколно тешка задача во Хамбург.
Вториот дел не донесе ништо поинакво и продолжи доминантната игра на Фленсбург, при што највисоката предност беше онаа од 31:21 на неколку минути пред крајот.
Во самата завршница, очекувано имаше мало опуштање и Монплеје се избори за малку подостоен пораз од 32:25, но тоа не спречи да видиме германско славје и освоена титула за Фленсбург, втораво низа по онаа минатата година.
Претходно се одигра и „малото финале“ во Европската лига, а во германската пресметка Кил беше подобар од Мелсунген со 37:31 и го освои бронзениот медал.
-
Англија10 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија16 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Светски првенства3 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија18 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Италија13 часа
Пет имиња се на листата: Милан во акција за нови бекови