Македонија
ФФМ пресече: Доживотни суспензии за измамниците од Охрид, жестоки казни и за тренерот и директорот на Кожув

Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија имаше доста работа поради низа скандали во последно време, но ова попладне излезе официјалниот записник со кои се изречени жестоки казни за сите работници кои си поиграа со интегритетот на мак-фудбалот.
Масар Омерагиќ како прв човек на Федерацијата најави драконски казни за најодговорните луѓе во Кожув за срамот кој го приредија во Гевгелија, а денеска пристигна информација дека тренерот и техничкиот директор добиваат двегодишни забрани за вршење на дејноста фудбал.
– Славчо Георгиевски, тренер на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години;
– Пепи Георгиев, технички директор на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години;
Исто така, во извештајот се вели дека Кирил Стојков од редовите на Кожув добива едногодишна забрана за настап во Македонија поради физички напад на судија, но на натпреварот против Новаци, а не на оној контроверзниот со Башкими.
Ова попладне добивме разврска и за фудбалскиот скандал кој се појави во ОФС Охрид, сојуз од кој најригорозни казни добија претседателот и секретарот.
– Цане Милошески, претседател на ОФС Охрид и Никола Цветкоски, секретар на ОФС Охрид се исклучуваат од фудбалската организација и им се забранува вршење на каква било функција поврзана со фудбалот.
– Одлуката е донесена по темелна постапка и претходни сознанија од одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластените службени лица од ОФС Охрид.
– Извршена измама и доведување во заблуда,давање лажни, неточни и непотполни податоци во Комет системот (увидот во Комет системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите), фалсификување записници за натпревари кои не се одиграни, измислена комплетна „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид, односно натпреварување кое не постои, – гласи објавата на ФФМ.
-
Англија23 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Свет23 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства9 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија18 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
АТП22 часа
Мекинро за Ѓоковиќ: Не можете да го победите времето, не знам дали е повреда…
-
АТП14 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)