Македонија
ФФМ активираше своја платформа за продажба на билети

Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално ја промовираше својата платформа за интернет продажба на влезни билети за натпреварите на репрезентациите, која фановите ќе можат да ја пронајдат како eticket.ffm.mk
Со официјално соопштение, најавени се предностите на платформата и начинот на кој фановите во иднина ќе можат да купуваат билети за настапите на нашите национални тимови.
– Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.
Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:
1. Посетете ја платформата eticket.ffm.mk;
2. Изберете натпревар;
3. Одберете седиште;
4. Извршете уплата;
5. Преземете го дигиталниот билет;
Со оваа платформа добивате: Безбедно и лесно купувањена билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите.
Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на македонски, албански и англиски јазик.
Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поинакво фудбалско искуство.
Напред Македонија! – стои во соопштението на ФФМ.
-
Англија9 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Италија15 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства3 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Италија9 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра