Лига на шампиони
Фантастичниот Борко ја има третата најдобра одбрана, „бомбата“ на Шеваљевиќ во топ 5 (Видео)
Фото: РК Вардар 1961
Вардар има проблеми да се врати од Португалија откако на скопската експидиција не и било дозволено да се упати кон Франкфурт поради Ковид протоколите кои владеат во Германија (оттаму бил летот за Софија), но додека се чека разврска за тоа како вардарци ќе се вратат во Скопје, ЕХФ додели две признанија за ракометарите на македонскиот претставник во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ потклекнаа во второто полувреме и загубија од Порто, но покрај Тимур Дибиров кој брилјираше, две светли точки беа и Борко Ристовски и новото засилување Васко Шеваљевиќ.
Искусниот Борко нанижа 15 одбрани и го одржуваше Вардар во игра до самата завршница од мечот, а една неговата фантастична интервенција се најде во топ 5 изборото на ЕХФ, односно е избрана за трета најдобра одбрана на колото.
Од друга страна, награда доби и новото засилување на македонскиот првак, Црногорецот Шеваљевиќ кој со својата „бомба“ во мрежата на Ристовски си обезбеди место во топ 5 најдобрите голови во Лигата на шампионите.
Our #ehfcl Goalkeepers are back and obviously still on top 🤩 #ShowtimeforChampions pic.twitter.com/0FIuA15WLZ
— EHF Champions League (@ehfcl) February 5, 2021
No lack of net-ripping shots from the rescheduled #ehfcl matches this week! 🔥🚀
Do you agree with #1? 💬 pic.twitter.com/caTZrfrLwg
— EHF Champions League (@ehfcl) February 5, 2021
-
Англија9 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија17 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Италија15 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Светски првенства3 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Светски првенства3 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)