Италија
Фабрегас може да здивне: Реал сепак нема да го активира правото на откуп за откровението во Серија А

Нико Паз беше откровение на сезоната во Серија А и убедливо најдобар и најопасен играч на Комо, па поради сериозниот раст кој го забележа во италијанската елита, на почетокот на месец јуни се доби впечаток дека Реал Мадрид ќе ја активира опцијата за откуп.
„Кралскиот клуб“ пред една година го продаде Аргентинецот на Комо и си задржа право во период од неколку години да има ексклузивно право за враќање на офанзивниот фудбалер, но последните информации се дека тоа нема да се случи ова лето.
Реал за само 8 милиони евра можеше да го врати Нико Паз, но сега Комо официјално бил известен дека најдобро за играчот ќе биде да остане дел од актуелната средина.
Паз воодушеви под водство на Сеск Фабрегас и се прикажа како еден од најталентираните играчи за врска во овој момент, а во ситуација кога не би имал загарантирано место во стартната постава на Чаби Алонсо, нелогично и нефер би било да се сопре неговиот налет.
Во Реал Мадрид сметаат дека најдобро место за Нико во овој момент е Комо, клуб кој ќе има многу поамбициозен проект во новата сезона, во која се очекува тимот на Фабре да брка и излез во Европа.
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија11 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Шпанија22 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет24 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)
-
Шпанија5 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија3 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)