Светски првенства
Еве што ја чека Македонија: Хрватските новинари со први информации за „безбедносната тортура“ во Египет!
Утринава од Загреб со заеднички авион за Египет отпатуваа селекциите на Хрватска и Словенија, a според првите извештаи, по пристигнувањето се соочиле со строгите безбедносни протоколи за влез во земјата.
Избраниците на Лино Червар имале „антигенско тестирање“ во автобус на аеродромската писта „Борг Ел Араб“, па откако тие резултати покажале дека сите играчи и членови на стручниот штаб се негативни, им било дозволено да продолжат до хотелот „Толип“ под силна полициска и воена присмотра. Шок за хрватските репрезентативци бил фактот дека хотелот е оддалечен 80 километри од Александрија и од салата во која ќе се играат натпреварите.
Веднаш по пристигнувањето во хотелот, било направено ново, овој пат ПЦР тестирање, а репрезентативците добиле стриктна забрана да излегуваат од собите. Во 20 часот по локално време, тие се уште ги чекале резултатите од тестовите и не можеле да одат ниту на вечера!
Овие информации ги споделија хрватските новинари, а ги потврди и порталот на телевизијата „Спортклуб“.
Македонија ќе патува утре, најверојатно во попладневните часови. На скопскиот аеродром за утре има најавени четири лета, но два се за Истанбул, а по еден за Виена и Цирих, што веројатно е показател дека се уште трае процесот на договарање на патувањето.
Македонскиот селектор Данило Брестовац, денеска објави кои 20 ракометари ги повикал за мундијалот во Египет.
-
Англија7 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет14 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија15 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП5 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија13 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
АТП5 часа
Нереална сцена: Тапа од шампањ го прекина финалето на Вимблдон, Алкарас не можеше да поверува (Видео)
-
Италија6 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра