Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го освои „пеколот“ во Скопје и ја одбрани шампионската титула!

Објавено

на

Еурофарм Пелистер му се реваншираше на Вардар за двата болни порази во последно време, но се чини дека избраниците на Руал Алонсо му нанесоа уште потежок пораз на својот лут ривал, и тоа во мечот кој директно решаваше за титулата.

Две од три сценарија одеа во корист на Вардар пред денешното финале во македонското ракометно првенство, но наместо победи или реми, тимот на Милано на крајот го испушти триумфот и дозволи славеничко расположение на гостите од Битола.

Клучниот меч за титулата ги оправда сите очекувања на ракометната јавност и двата тима се погрижија за страшен и епски натпревар, во кој на крајот решаваа нијансите, но и искуството на Никола Митревски.

Во првата фаза од мечот, се чинеше дека Вардар е многу поблиску до трофејот откако замина на плус пет (15:10), но Еурофарм Пелистер не се откажа и покрај серијата од седум минути без гол и до паузата дојде до поопливлива негатива.

Во вториот дел, гостите играа значително подобро во одбрана и не му дозволуваа на ривалот да се одлепи, а во 53-та минута за вторпат поведоа на семафорот.

Тоа беше најава за луда завршница во „Јане Сандански“, во која на крајот „зелено-белите“ се реваншираа за поразите во Суперлигата и Купот, и тоа на најважниот натпревар на сезоната.

При резултат 30:29 за Пелистер, Срадновиќ не реализираше пенал и ја погоди само стативата, а гостите реализираа за плус два со удар од седум метри. Голот на Манасков го означи стартот на шампионското славје, па иако во завршните 20 секунди видовме по уште еден гол на двете страни, стана јасно дека титулата национален шампион повторно останува во Битола со конечни 30:32.

Капитенот Кузмановски со седум погодоци беше најефикасен на натпреварот, Тајник, Хосни и Пешевски постигнаа по пет, додека Борозан залудно беше најефикасен со осум голови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни