Поврзете се со нас

Репрезентација

Џирона го поздрави блесокот на Миовски на македонски јазик (Фото)

Објавено

на

Фото: ФФМ

Бојан Миовски направи огромна разлика на гостувањето во Вадуц со гол и асистенција на натпреварот против Лихтенштајн, средба која на крајот заврши со високи 0:3 за нашиот најдобар национален тим.

Македонија ги освои првите бодови во квалификациите за Светското првенство и си осигура најдобра можна увертира за вториот натпревар против Велс, а добрите настапи на нашите фудбалери редовно се следени и од нивните клубови.

Џирона во неколку наврати оваа сезона знаеше да го поздрави Миовски со објава на македонски јазик, а дека клубот од Каталонија навистина посебно внимава на своите играчи, доказ е и најновиот пост.

– Нашиот најдобар голгетер, – гласи пораката која ја испрати шпанскиот прволигаш, текст кој целосно му е посветен на Бојан.

На објавата на Џирона се јавија многу македонски навивачи, кои не пропуштаат да нагласат дека вчера фудбалерите донесоа мала светлина во најцрните седум дена во историјата на нашата земја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни