Поврзете се со нас

Македонија

Дујовски по мајсторијата против Шкендија: Ова е најубав гол во мојата кариера (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Брегалница успеа да остане непоразена во пресметката во дуелот со актуелниот шампион Шкендија, а за тоа е најзаслужен Владимир Дујовски кој постигна фантастичен гол во судиското продолжение за конечни 3-3.

Дујовски испрати проектил кој заврши во мрежата на „црвено-црните“ за голема радост на публиката во Штип.

-Едноставно помислив интуитивно дека можам да шутнам и да погодам. Целта ми беше шутот да биде што посилен, и на крајот го постигнав најубавиот погодок во мојата фудбалска кариера, и тоа така значаен на еден ваков натпревар против шампионот. Во секој случај, среќен сум што правдата на крајот беше задоволена. Затоа што не заслуживме да загубиме.

-Ако се погледне целиот натпревар и се анализира мислам дека можевме и до трите бода на овој дуел. Постојано имавме контрола на играта и резултатот против големиот фаворит се до финишот од средбата. Но, на крајот ете мораше и да извлекуваме бод, -истакна Дујовски за официјалниот клупски сајт.

Четата на Секуловски по три средби има три бода, во следната рунда се сочува со Борец во Велес.

Видео: Екипа.мк

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни