Поврзете се со нас

Репрезентација

Добри вести: Муслиу ќе може да игра против Косово!

Објавено

на

Стоперот на МОЛ Фехервар, Висар Муслиу ќе може да настапи за македонската репрезентација на плејоф мечот со Косово за настап на Европското првенство.

Муслиу доби црвен картон на средбата против Грузија (8 септември) во Тбилиси во Лигата на нации, па постоеја одредени стравувања дека можеби нема да биде достапен за историскиот меч со Косово во Скопје.

Некогашниот член на Шкендија, Ренова и Вардар доби казна, ама истата ќе ја одработи во Лигата на нации. Тој доби суспензија од два натпревари што значи селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на него за гостувањето кај Естонија и домашниот дуел со Грузија кои се закажани за 11 и 14 октомври.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни