Поврзете се со нас

АТП

Де Минор се закани, но остана без одговор за брилијантниот финиш на Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ дефинитивно не го одигра најдобриот меч на годинешното издание на Вимблдон, но и покрај тоа успеа да се пласира во 16-то четвртфинале на грен слемот во Лондон, турнир на кој ја брка осмата титула трета година по ред.

Српскиот тенисер остана „жив“ во ждребот и покрај тоа што имаше ужасно отворање на мечот, па воведните 6:1 беа и своевидна најава за нова можна сензација на централниот терен.

Де Минор постави висок ритам и успеа да предизвика нервоза кај седумкратниот шампион, кој сепак успеа да се консолидира во вториот сет и да игра далеку подобро.

Во такви услови, Ноле направи брејк повеќе во вториот сет и се врати во игра со 6:4, а со иста мера го доби и третиот сет по кој поведе со 2:1.

Австралиецот одби да се предаде и брзо поведе со 3:0 во четвртиот сет, при резултат 4:1 имаше брејк топка и беше на поен од 5:1, но тоа како да го налути Ѓоковиќ кој во продолжение финишираше на фуриозен начин.

Србинот освои пет гејма во низа и направи извонреден пресврт во четвртиот сет, па со идентични 6:4 се пласираше во четвртфиналето и закажа дуел со Флавио Коболи кој претходно денеска беше подобар од Марин Чилиќ со 3:1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни