Поврзете се со нас

Шпанија

Де Јонг по киксот против Гранада не се откажува од титулата: Знаеме што треба да направиме

Објавено

на

Барселона доживеа неочекуван шок откако денеска на „Камп Ноу“  претрпе пораз од Гранада со 2:1 и ја пропушти првата прилика да се искачи на лидерската позиција на табелата во Ла Лига.

Избраниците на Роналд Куман си ја отежнаа работата во пресрет на последните пет кола од првенството и сега ќе мора да забележат победа  на секој од следните натпревари за да останат во трка за титулата.

Веќе во недела ќе гостуваат кај Валенсија, а потоа ја имаат директната пресметка со Атлетико Мадрид која може да го одлучи и новиот шампион на Шпанија.

Френки Де Јонг знае дека клубот мора да ги победи следните пет натпревари, но и покрај тоа нема да е се во нивни раце и ќе чекаат кикс на противниците.

– Секако се уште е можно да ја освоиме титулата. Четири тима се многу блиску на табелата, мора да ги добиеме сите пет натпревари до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме што ќе се случи, -изјави Френки Де Јонг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни