Поврзете се со нас

Англија

Дарвин постигна гол, па ги режираше двете најпознати прослави на Жота (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Ливерпул ова попладне го одигра првиот пријателски натпревар ова лето и победи со 1:3 против Престон, средба која целосно мина во знакот на трагично загинатиот Диого Жота.

После увертирата од домаќинот пред самиот старт на мечот и емотивната изведба на „You’ll Never Walk Alone“, гостите имаат дополнителен мотив за игра, па во текот на 90-те минути успеаја да слават со 1:3.

Арне Слот им даде шанса на сите фудбалери и направи 11 измени во вториот дел, период од кој пристигнаа и две оригинални прослави.

Дарвин Нуњез и Коди Гакпо прославија во стилот на својот соиграч кој прерано го напушти овој свет, со тоа што Уругваецот беше посебно оригинален.

Нуњез ги режираше двете најпознати прослави на Диого во период од неколку секунди, па неговиот чин брзо стана вирален хит.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни