Македонија
Дарко Гроздановски е новиот „шпиц“ на Победа!

Прилепскиот второлигаш Победа во последните часови од зимскиот преоден рок обезбеди засилување на најневралгичната точка во тимот, односно „шпиц напаѓач“.
Во оваа улога за Победа во пролетната полусезона ќе настапува младиот Дарко Грозданоски (15.4.1999 г одина). Тој во Победа доаѓа од Силекс, чиј играч беше изминава година и пол, но есенва беше позајмен и настапуваше за Тиквеш од Кавадарци. Притоа, на 14 натпревари постигна 4 голови. Минатата сезона во Првата лига настапи на 20 натпревари за Силекс при што постигна 2 гола (против Вардар и Струга Трим Љум).
Станува збор за млад но веќе афирмиран фудбалер кој минал низ младинската школа на Црвена Звезда , Чукарички и БСК Белград, каде што тренери му биле познати имиња на српскиот фудбал како Огњен Короман, Александар Трифуновиќ, Душко Љубичиќ и други.
Со доаѓањето во Прилеп младиот голгетер Грозданоски има убава можност претстојната пролет со своите квалитети да се докаже во екипата на Победа, која е составена главно од фудбалери од негова генерација. Тој треба со своите игри и голови му помогне на клубот во претстојната пролетна полусезона, во која приоритет е сочувување на второлигашкиот статус.
-
Англија9 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија18 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Италија15 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Светски првенства3 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Светски првенства3 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)