Поврзете се со нас

Свет

Црн ден за семејството Игуаин: Гонзало остана без најголемата поддршка во својот живот

Објавено

на

Семејството Игуаин доживува навистина тешки моменти со години наназад, но ова утро, пристигна најтажна вест од Аргентина поврзана за мајката на Гонзало и Федерико кои од неодамна играат заедно во Интер Мајами.

Нанси Закариас починала доцна синоќа во родната Аргентина по четиригодишна борба со ракот, болест која во еден момент сериозно го натера фантастичниот Гоназало да стави предвремен крај на кариерата.

Поранешниот напаѓач на Јувентус и Наполи беше максимално приврзан за својата мајка, а за жал, изминатиот викенд и го даде последниот подарок во нејзиниот живот, бидејќи заедно со својот брат Федерико за првпат постигнаа голови на еден заеднички натпревар.

Иако Гонзало пред извесно време изјави дека неговата мајка се чувствува добро и покрај константната битка со ракот од кој се оперираше на крајот на 2016-та година, денеска пристигна најнепосакувана вест за Нанси, која инаку беше сопруга на Хорхе Игуаин, таткото на Гонзало и Федерико кој исто така беше фудбалер.

– Бев на чекор да се повлечам од фудбалот поради мојата мајка. Кога дознав за болеста, сакав да оставам се и да бидам само со неа. Животот на мојата мајка е пред се и секогаш е во прв план пред се. Таа беше онаа што ме натера да продолжам, продолжив да играм фудбал поради неа. Мојата мајка е мојата најголема поддршка, – изјави Игуаин во тешката исповед.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни