Репрезентација
Чурлинов брилјираше, надежите го средија Казахстан (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија славеше над Казахстан со 4-1 во седмиот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Нашите млади фудбалери доминираа против домаќинот, а лидер во ваквото издание беше фудбалерот на бундеслигашот Штутгарт, Дарко Чурлинов. Офанзивецот беше брилијантен, нерешлива енигма за домаќините кои во неколку наврати почнаа да играат нечисто, па затоа на крајот ја завршија средбата со два црвени картони.
Дарко во 38 минута со соло акција и мајсторски удар од далечина донесе водство за Македонија. Веќе во 41 минута поведовме со 2-0 откако Атанасов прво го промаши ударот од 11 метри, но топката се одби до него и потоа истата ја смести на посакуваното место.
На стартот на вториот дел Чурлинов одново мајсторски погоди за 3-0 по што дојде до општање во нашите редови кои играчите на Казахстан делумно го искористија. Имено Омиртаев во 52 минута намали на 3-1 по што во 54 домаќините промашија пенал по што Омиртаев имаше бурна реакција за што доби втор жолт картон од судијата.
Потоа ние воспоставивме контрола и во 67 успеавме да дадеме гол за потврда на трите бода преку Митровски и тоа откако мајстоски го проигра Чурлинов.
Избраниците на Милевски се на втората позиција во групата 6 со 13 бода, три помалку од лидерот Шпанија, селекција која има одиграно и еден натпревар помалку од Македонија.
-
Свет23 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства9 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија22 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија17 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
АТП22 часа
Мекинро за Ѓоковиќ: Не можете да го победите времето, не знам дали е повреда…
-
АТП14 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)