Англија
Букмејкерот „Ефбет“ соопшти кои четири екипи се издвојуваат како големи фаворити за титулата во Премиер лигата за сезона 2020/21

Букмејкерот „Ефбет“ се уште не ги објавил коефициентите за шампион во Премиер лигата за сезоната 2020/21, но со мирна совест може да се каже дека четири екипи се издвојуваат како големи фаворити за освојувањето на титулата во новата сезона на англиското фудбалско првенство. На веб страната на „Ефбет спорт“ мошне набрзо се очекуваат фиксирани коефициенти, според кои тимовите на Ливерпул, Манчестер Сити, Челси и Манчестер Јунајтед ќе бидат четирите најголеми фаворити за триумф во Премиер лигата за време на новата кампања.
Точно тие четири клуба завршија на првите четири места во минатогодишното првенство. Но, дали ќе ги сменат позициите или одново Ливерпул ќе биде шампион? Се очекува дека Премиер лигата ќе биде мошне интересна, особено ако се имаат предвид големите трансфери на Челси, многу подоброто издание на Манчестер Јунајтед за 2020 година, амбициите на Манчестер Сити и шампионската класа која што ја демонстрираше Ливерпул во текот на минатата сезона.
За „црвените“ ќе биде исклучително тешко да ги повторат феноменалните перформанси од минатата година. Ливерпул славеше на 32 од 38 натпревари, финиширајќи ја сезоната со 99 поени. Долго време екипата предводена од Јирген Клоп немаше пораз, пред изненадувачки загубениот натпревар со Вотфорд на крајот од сезоната. Ливерпул покажа неверојатна класа во одбраната и во нападот за да извојува победи над големите ривали во текот на сезоната. Сепак, тие ќе имаат повеќе амбициозни конкуренти што ќе се обидат да ги детронизираат.
Ова особено се однесува на шампионот од 2018/19 година, Манчестер Сити. „Граѓаните“ претрпеа девет порази во претходната кампања и финишираа 18 бода зад Ливерпул. Тоа е мошне лош учинок за тимот на Пеп Гвардиола, особено ако се знаат амбициите на клубот и кои играчи играат за нив. Манчестер Сити не планира да се раздели од големите ѕвезди, а засега само Давид Силва објави дека ќе замине од „Етихад“. Тие ќе се обидат во небесно синиот дрес да донесат едно или две засилувања за да го засилат ростерот. Веќе се знае дека во нивните редови доаѓаат Натан Аке од Бурнмаут и Феран Торес од Валенсија. За Торес се верува дека ќе биде замена за Лирој Сане, кој што западна во немилост во последните месеци.
Тимот на Челси ќе биде посветен да се докаже во новата сезона. Играчите предводени од Франк Лампард оставија одличен впечаток со играта прикажана во минатогодишната кампања. Челси има мошне млад тим со голем талент, па придобивањето на Хаким Зиеш и Тимо Вернер се очекува да ги направи убиствени во нападот. Изгледа мошне веројатно дека Кај Хаверц од Баер Леверкузен ќе му се приклучи на тимот од Лондон. Кога овие играчи ќе се додадат покрај постојните ѕвезди во нападот, како Жиру, Пулишиќ, Ејбрахам и Мејсон Маунт, тогаш навистина Франк Лампард има одлични играчи во нападот. Проблемите на Челси ќе останат во одбраната. Најмногу поради неа, тимот имаше 12 порази во минатата сезона. Останува да се види дали Челси може да привлече нови играчи во својата одбрана, особено на голманската позиција која што е проблематична по неубедливите настапи на Кепа Аризабалага. Доколку „сините“ ја зацврстат одбраната, ќе бидат мошне блиску до Ливерпул и Манчестер Сити, а со тоа и конкуренти за титулата.
Четвртиот фаворит на букмејкерот Ефбет е тимот на Манчестер Јунајтед. Во 2020 година „црвените ѓаволи“ играа многу добро, за што најзаслужен е Бруно Фернандеш кој пристигна на „Олд Трафорд“ во текот на зимскиот преоден рок. Јунајтед фаќа чекор со финишот на третата позиција. Се шпекулира дека Џејдан Санчо ќе го облече дресот на Манчестер Јунајтед, со што нападот ќе биде дополнително засилен. Имајќи ги предвид настапите на Рашфорд, Марсијал и Гринвуд на крајот од сезоната, како и класата што ја покажуваат Бруно Фернандеш и Пол Погба на средината од теренот, тимот на Оле Гунар Солскјер ќе биде меѓу предизвикувачите за титулата, иако малкумина очекуваат токму Манчестер Јунајтед да се врати на тронот во Премиер лигата.
-
АТП24 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија12 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија4 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет11 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)