Поврзете се со нас

Свет

Бразилски великан првпат испадна во своето 111-годишно постоење, бесните навивачи го запалија градот (Видео)

Објавено

на

Последното коло во бразилската Серија А донесе голема драма, бидејќи од една страна се решаваше шампионот за оваа сезоан, но и тоа кој ќе испадне од елитата.

Палмеирас одигра 1:1 против Крузеиро и тоа беше доволно да го одбрани првото место на табелата и да почне шампионското славје, меѓутоа топ тема во Бразил е испаѓањето на фудаблскиот великан од оваа земја.

Сантос имаше математики да опстане и со освоен бод, но на крајот загуби од Форталеса на домашен терен (1:2) и се случи нешто што никогаш не се случило во бразилскиот фудбал.

Клубот кој стана славен поради неповторливиот Пеле првпат испадна од бразилската прва лига во својата 111-годишна историја, па после траорните сцени и солзите на теренот и трибините, следело лудило на улиците.

Бесните навивачи на Сантос буквално запалиле дел од градот и дивееле со руинирање на објекти, автомобили и други возила, што најдобро говори колку е големо разочарувањето во регионот Вила Белмиро по испаѓањето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни