Поврзете се со нас

Македонија

Борозан останува во Вардар, се најавува уште едно квалитетно засилување

Објавено

на

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар

Екипата на Вардар 1961 има уште значајни предизвици во оваа сезона, клучни натпревари во првенството и Купот каде секако целта е да се освојат двата трофеи што секако не е невозможно, ама ќе биде тешко затоа што ривали се навистина силни противници.

Меѓутоа „црвено-црните“ веќе се забрзано темпо го формираат ростерот и за следната кампања, а најновото засилување беше потврдено денеска-тоа е бекот Филип Талески кој прави кам-бек во Вардар и на македонската ракометна сцена.

Вардар со вонредна вест: „Бомбардерот“ Талески се враќа во Скопје! (Видео)

Директорот на Вардар воедно откри дека Вуко Борозан ќе стави потпис на нов договор.

-Нашите напори да имаме уште посилен тим се исплатеа бидејќи донесовме квалитетни играчи, и ги задржавме оние со кои успеавме да се договориме за продолжување на соработката. Можам да потврдам дека на бековската позиција ќе бидеме навистина силни, со доаѓањето на Талески, но и со задржувањето на Дмитро Горига и Вуко Борозан. Украинскиот бек го продолжи договорот, а со Борозан сме речиси договорени, и остануваат детали пред официјално да го потврдиме, -рече Нунев кој посочи дека скопскиот состав може да доведе уште еден ракометар на плејмјекерската позиција.

-Јака Малуш се приклучува кај плејмејкерските, со отворено прашање за дополнитена опција на оваа позиција. На десната позиција сега го имаме Марек Марчинијак, и Урош Митровиќ како засилувања,. Наскоро ќе ги споделиме сите детали за тимот со кој ќе настапуваме следната сезона. Сите официјално потврдени засилувања ќе ги објавиме на нашите официјални канали за комуникација“, соопшти директорот на „црвено-црните.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни