Репрезентација
Без најдобрите против „триколорите“: Изов го соопшти списокот на фудбалерки за битката со Франција
Македонската женска А репрезентација ја очекува дуел со Франција во рамките на квалификациите за Европското првенство, средба на која селекторот Кирил Изов нема да може да смета на најдобрите фудбалерки.
Капитенката Наташа Андонова отпадна поради повреда, додека пак Гентјана Рочи има суспензија од еден натпревар поради жолти картони.
Селекторот Изов за мечот со Франција кој го играме на 22. септември испрати повик до следните фудбалерки:
ГОЛМАНКИ: Викторија ПАНЧУРОВА (ЖФК Тиверија), Магдалена ЛЕКОСКА (ЖФК СЦ Истатов), Верица КОЛЕВСКА (ЖФК Деспина);
ОДБРАНА: Ане БОШЕСКА (ЖФК Тиверија), Јулија ЖИВИЌ (ЖФК Љуботен), Христина ЈОШЕВСКА (ЖФК Каменица Саса), Павлинка НИКОЛОВСКА (ЖФК Каменица САСА), Даниела ВЕЛЕСКА (ЖФК Деспина), Ивана НИКОЛОВА (ЖФК Тиверија);
СРЕДЕН РЕД: Александра РИСТОВСКА (ЖФК Тиверија), Сара ВЕЛКОВА (ЖФК Тиверија), Елма ШЕМСОВИЌ (ЖФК Скопје 2014), Катерина МИЛЕСКА (ЖФК Деспина), Јана ЧУБРИНОСКА (ЖФК Деспина), Рабија ДЕРВИШИ (ЖФК Каменица Саса);
НАПАД: Теодора ДИМОСКА (ЖФК Тиверија), Ели ЈАКОВСКА (ЖФК Локомотив-Стара Загора), Кристина Мојсоска (ЖФК Асс Јунајтед), Хава МУСТАФА (ЖФК Шкендија), Улза МАКСУТИ (ЖФК Асс Јунајед)
–Имаме навистина големи проблеми со играчкиот кадар за овој натпревар. Покрај отсуството на Андонова и Рочи, не можеме да сметаме ниту на Романа Трајковска и Маја Ангеловска. Поради здравствената ситуација предизвикана од Ковид-19, двете не можат да допатуваат од Швајцарија и Словенија. Маријана Нацева има скршеница на рамото и исто така е надвор од составот. Франција е апсолутен фаворит. Ние ќе се обидеме достојно да се спротивставиме и покрај отсуството на неколку важни фудбалерки за нас, изјави селекторот на македонската женска репрезентација, -истакна Изов кој првиот собир го закажа за 18. септември во хотел „Парк“ во Скопје.
Предвидени се пет тренинзи до натпреварот со Франција.
-
Свет21 час
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства7 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
АТП12 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства7 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)