Поврзете се со нас

АТП

Бекер излезе со искрен став за драмата која ја предизвика Музети, Куриер објасни зошто не беше дисквалификуван како Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Четвртфиналињата во машка конкуренција на Ролан Гарос беа комплетирани вчера со две пресметки, но онаа првата посебно се најде во центарот на вниманието и предизивка многу реакции, пред се поради инцидентот кој го предизвика Лоренцо Музети во вториот сет.

Френсис Тиаго заигра многу подобро и го принуди Италијанецот на неколку грешки, а тоа кулминираше со нервозна реакција и потег кој можеше да го чини Музети и дисквалификација.

Лоренцо во нервоза го шутна топчето со левата нога и ја погоди линиската судија, па иако во вакви ситуации слободно може да се разгледува дисквалификација, Италијанецот сепак беше поштеден од главниот судија и мина само со опомена.

Овој случај дефинитивно и налути фановите на Новак Ѓоковиќ кои на големо ги потенцираа двојните аршини кои се употребуваат во светскиот тенис, но инцидентот отвори големи дебати и во познатите тениски студија.

Борис Бекер, Тим Хеман и Џим Куријер во студиото на „Еуроспор“ дебатираа на оваа тема, при што сите заклучија дека судијата сепак донел правилна одлука.

– Германскиот судија донесе добра одлука. Музети не требаше да биде исклучен поради еден таков потег. Опомената беше сосема доволна, оваа ситуација не може да се споредуваа со онаа на Ѓоковиќ. Фановите и интернет зависниците треба да се смират, никој не е „папа над папата“. Да останеме објективни, тој потег не беше ништо повеќе од обична опомена, – порача Бекер, по што Куриер објасни зошто Лоренцо не ја доживеал судбината на Ѓоковиќ.

– Одлучувачки е фактор е дали топчето предизвика повреда или не? Ако се случеше тоа, нема дилеми дека ќе дојдеше до дисквалификација. За среќа на Лоренцо, тука случајот не беше таков. Технички можеше да биде исклучен од турнирот и во ваква ситуација, но судијата донесе вистинска одлука, – објасни Куриер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни