Поврзете се со нас

Евролига

Басконија ја доби шпанската битка со Реал, Шилдс ја реши драмата во Минхен (ВИДЕО)

Објавено

на

Басконија излезе како победник од шпанската битка со Реал Мадрид во рамките на првото коло во Евролигата.

Ова беше дуел кој три четвртини беше израмнет за да во последните 10 минути домаќините бидат на повисоко ниво и со 24-14 го затворат мечот со 76-63. Четворица домашни кошаркарки беа двоцифрени, прво име беше Хенри со 23 поени и 6 асистенции, Питерс уфрли 18 кошеви, додека по 12 постигнаа Вилдоза и Геидраитис.

Кампацо со 17 поени, 5 скокови и 2 асистенции беше најсветла точка кај „кралевите“.

Армани Милано пак славеше во најнеизвесниот вечерашен натпревар и тоа против Баерн Минхен. Дуелот во Германија беше решен по дополнителни пет минути во кои клучната тројка за триумф на „манекените“ од 81-79 ја даде Шилдс на 7 секунди до крајот.

Дилејни и Хајнс за италијанскиот преставник искомбинираа 33 поени, Балвин за „баварците“ реализираше 18 поени.

На преостанатите два дуели, Панатинаикос го изненади Химки (78-76) и Фенербахче ја надигра Црвена Звезда (77-63).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни