Поврзете се со нас

Евролига

Баерн со цврста одбрана ја реши Звезда, прво гостинско славје за Реал (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Баерн Минхен ја забележаа петтата победа во седмиот сезонски натпревар во Евролигата и тоа против Црвена Звезда која ја совладааа со 74-59.

Домаќините одиграа фантастична одбрана пред се во последниот период во кој му дозволија на противникот да даде само осум поени (19-8) од кои ниту еден од нив не беше во самата завршница, поточно во последните четири минути во Минхен.

Болдвин и Вајлер Бeб со по 15 поени беа најдобри стрелци кај германскиот тим, додека О’Брајант со 17 ја предводеше листата на стрелци кај гостите од Белград.

Реал Мадрид на гостувањето кај Жалгирис во Каунас дојде до првиот триумф на страна, поточно надвор од шпанската престолнина. „Кралевите“ триумфираа со 99-93 и тоа во меч во кој блескаше центарот Тавареш со 22 поени и 12 скокови, но и плејмејкерот Кампацо кој уфрли 19 кошеви со 10 асистенции.

Вокап со 18 поени и 9 асистенции беше најистакнат домашен кошаркар.

Останати резултати:

Фенербахче-Химки 83-71

Панатинаикос-ЦСКА М. 83-89

Валенсија-Милано 89-81

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни