Германија
Баерн и Лајпциг се договорија за рекордниот трансфер: Нагелсман и дефинитивно го наследува Флик
„Билд“ беше медиумот кој вчера откри дека Баерн Минхен постигна договор со Јулијан Нагелсман за тренерската функција, а денеска истиот овој медиум, информира дека е направен и чекорот кој беше неопходен за реализација на зделката.
Баерн Минхен во новата сезона одново ќе има германски стручњак, и тоа најталентираниот во земјата и во фудбалска Европа откако се реши да направи рекорден трансфер за еден фудбалски стручњак.
Лајпциг имаше одредено откупна клаузула вредна 30 милиони евра, но претставниците на двата клуба седнале на маса уште вчера, а веќе денес пристигна информацијата за склучен договор.
„Билд“ тврди дека плаќањето на рекордниот тренерски трансфер ќе се одвива во две етапи, односно Баерн Минхен ќе плати фиксни 15 милиони евра уште веднаш, а потоа со одредени бонуси и достигнувања, целата операција би требало да достигне 25 милиони евра, што е за 5 милиони помалку од откупната клаузула.
Истиот извор потенцира дека Нагелсман веќе се согласил на петгодишен договор со баварскиот великан, кој иако тврдеше дека ќе се обиде да го задржи Ханси Флик, по се изгледа ќе го ослободи тренерот кој веќе не сака да биде дел од клубот.
-
Свет21 час
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства7 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП12 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства7 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал