Шпанија
Арбелоа откри како бил „поздравен“ од Мурињо со говор за легендарниот Кафу
Алваро Арбелоа како дете на школата на Реал Мадрид доби втора шанса да успее на „Сантијаго Бернабеу“, и тоа откако успеа да се етаблира како фантастичен дефанзивец преку Депортиво Ла Коруња и Ливерпул.
Десниот бек посебно брилјираше во Ливерпул од каде се врати во шпанската престолнина, а потоа како член на матичнит клуб освои се што можеше да се освои.
Арбелоа е еден од фудбалерите кои посебно го потенцираат човечкиот квалитет на Мурињо и ужива да се потсетува на времето минато со португалскиот стручњак, па сега сподели и една анегдота која до денесна не беше позната за јавноста.
– Се сеќавам дека игравме против Севилја. Обично во првото полувреме играв на страната на која што е Мурињо крај линијата, но овојпат беше обратно. Кога играте далеку од тренерот, знаете да се занесете. Отидов напред шест или седум пати и на полувремето говорот беше посветен на мене: Денеска го имаме Кафу во тимот, каде ли оди Кафу напред толку пати? Ми стави јасно до знаење дека не сака такви излети, – му откри Арбелоа на јутјуберот Валенти Санхуан.
– Сум кажал и претходно. Јас сум голем фан на тренерот Мурињо, но поголем фан сум на Жозе. Тој ми е пријател, го сметам за близок. Научив многу од него, уживав и работев како животно, но и се смеев на сите работи кои ги минавме заедно, – додава Алваро.
-
Англија12 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија24 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија4 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија23 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет12 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Италија10 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)