Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алушовски: Треба да се погледнеме во очи, ова е…

Објавено

на

Ракометарите на Вардар претрпеа убедлив пораз од Веспрем од 41-27 во првата осминафинална битка во Лигата на шампоните, резултат по кој реваншот во Унгарија треба да биде чиста формалност со оглед на квалитетите на тимот предводен од Давид Дејвис Камара.

„Црвено-црните“ беа надиграни во „Јане Сандански“, пораз и издание по кое тренерот Стевче Алушовски не го криеше разочарувањето и истакна дека сите во клубот треба да се погледнат во очи.

-Честитки до Веспрем за големата победа во Скопје. Мечот лошо го отворивме во ситуации кога имавме двајца играчи повеќе на теренот, Веспрем направи 4-0. Меѓутоа тоа што е, мора од секој натпревар да се извлечат поуки.  Треба сите да се погледнеме во очи, да видиме каде сме. Тежок пораз за клубот, навивачите, претседателот, за мене како тренер. Ама треба да се гледа напред и во реваншот да бидеме подобри од денеска, -истакна тренерот Алушовски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни