Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алушовски: Тажен сум поради поразот, но Вардар се движи во посакуваната насока

Објавено

на

Составот на Вардар не успеа да оствари позитивен резултат на уште еден меч во Лигата на шампионите, поточно оваа вечер подобар од нив беше унгарскиот претставник кој во Скопје славеше со 28-26.

„Црвено-црните“ имаа добри моменти, како во првото така и во второто полувреме имаа предност од плус три во неколку наврати, меѓутоа кога се решаваше мечот не беа најфокусирани, промашија неколку пенали и тоа придонесе противникот да го освои СЦ „Јане Сандански“.

Тренерот Стевче Алушовски е тажен поради поразот, ама воедно смета дека екипата оди во посакуваниот правец.

-Честитам до ПИК Сегед за победата, за нив ова беа важни два бода, но исто беа важни и за нас. Честитки до играчите, ова беше еден од нашите најдобри мечеви сезонава. Може да кажам дека сум тажен поразот поразот, но во исто време сум среќен што одиме во посакуваната насока, се трудиме да бидеме фокусирани и подготвени за сите предизвици. Сегед е екипа која секоја година се бори за фајналфор. Во клучните моменти промашивме неколку пенали и контри, мечот можеше да заврши и во наша корист, -истакна Алушовски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни