Поврзете се со нас

АТП

Алкарас во прв план: Фер-плеј потегот на годината ја воодушеви цела Франција (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Карлос Алкарас загуби сет и во осминафиналето на Ролан Гарос, но сепак остана доволно мирен и се пласираше во ново четвртфинале на грен слемот во Париз.

Шпанскиот тенисер режираше спектакл со Бен Шелтон во дуел на два сосема различни стилови на игра, а тоа донесе многу возбудливи поени на теренот, но и овации на трибините.

Алкарас спасуваше сет топки за да поведе со 1:0, но дефинитивно најинтересниот момент пристигна на стартот на вториот сет, кога Карлитос се погрижи за фер-плеј потег на годината.

Имено, сите на теренот мислеа дека Шпанецот освои нестварен поен со волеј на мрежа, а иако веднаш на семафорот се појави 40:30 за Алкарас, бранителот на титулата му објасни на судијата дека неговиот потег бил нелегален.

Всушност, Алкарас самиот призна дека рекетот не му бил во рацете кога го зафатил волејот, а според правилата, во такви ситуации поенот заминува на другата страна.

По барање на Алкарас, судијата му го додели поенот на Американецот, по што Шелтон остана во неверица и малку збунет од целата ситуација.

– Ако направам нешто нелегално, како голем професионален треба да го признаам тоа. Таков е спортот и таков треба да остане. Не сакам да стекнам нефер предност и затоа пријавив кај судијата, – откри Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни