Поврзете се со нас

АТП

Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Карлос Алкарас и Јаник Синер играат ново финале во завршница на грен слем турнир, а во битката за шампионската титула на Вимблдон, почетна предност има шпанскиот тенисер.

Алкарас се враќаше од негатива во првиот сет и губеше со 4:2 во еден момент, но кога беше најпотребно, врза четири гејма во низа и му го „украде“ првиот сет на ривалот.

Синер остана без својот прв сервис во клучни моменти од првиот сет, но начинот на кој беше затворен истиот, дефинитивно не остави рамнодушен никој на централниот терен.

Алкарас првично беше во офанзива и ја нападна втората сет топка, меѓутоа потоа од ултра дефанзивна позиција успеа да испорача винер за голема радост и предност од 1:0 во финалето.

Завршницата од првиот сет потсети на најдобрите потези кои ги режираа двајцата во финалето на Ролан Гарос, па за очекување е да има уште поспектакуларен тенис во продолжение.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни