АТП
Алкарас со лесен триумф ја започна мисијата „одбрана на титулата во Париз“

Карлос Алкарас вчера беше дел од големиот спектакл во чест на Рафаел Надал и како фан плус на трибините му оддаде признание на својот славен сонародник, а еден ден подоцна, фантастичниот Карлито истрча на централниот терен во Париз.
Алкарас како бранител на титулата тргна во походот наречен „одбрана на трофејот“, а негова прва пречка беше Италијанецот Џулио Цепиери.
Сосема очекувано, фаворитот немаше никаков проблем и без многу непријатности се пласираше во втората рунда на Ролан Гарос, со тоа што најдобриот тенис го задржа за крај.
Алкарас во првиот и вториот сет правеше само по еден брејк за 6:3 и 6:4, додека во третиот беше најубедлив и славеше со 6:2.
Шпанецот на овој начин одлично ја стартуваше својата нова мисија на Ролан Гарос, турнир на кој во второто коло ќе игра против Фабијан Марошан.
-
Свет21 час
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства7 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
АТП12 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства7 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)