АТП
Алкарас режираше лудорија на која не можеше да поверува и самиот, Руд шокиран на Ролан Гарос (Видео)

Карлос Алкарас го загуби првиот сет на годинешното издание на Ролан Гарос, но во останатите три играше на спектакуларно ниво и без премногу мака се пласираше во третата рунда на францускиот грен слем.
Бранителот на титулата тргна фуриозно против Фабијан Марошан и го доби првиот сет со 6:1, но потоа имаше мала криза и му дозволи на Унгарецот да израмни на 1:1 (6:4).
Шпанскиот тенисер како да сакаше да биде пожестоко предизвикан уште во второто коло, а кога веќе доби такво нешто, во продолжение одигра два брутални сета и фуриозно ја мина и втората пречка.
Алкарас ги доби наредните два сета со 6:1 и 6:2 и режираше еден луд поен на кој не можеше да поверува ниту самиот, па од овој меч издвои и еден хајлајт кој навистина вреди да се погледне.
Во третата рунда Карлито ќе игра против Перикар или Џумхур, при што јасно е дека Шпанецот одново ќе биде голем фаворит за победа.
За разлика од Алкарас, својот пат во Франција рано го заврши Каспер Руд, кој поради повреда на коленото не можеше да го даде максимумот и беше шокиран од Нуно Боржес со 3:1 во сетови.
RIDICULOUS shot from Carlos Alcaraz 🤯🔥
Even he couldn't believe it 😂 pic.twitter.com/luiszF7SJV
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 28, 2025
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Шпанија19 часа
Салгадо очекува нова улога за Белингам: Ќе ја видиме најдобрата верзија од него