АТП
Алкарас му испрати џентлменска порака на Синер по неверојатниот пресврт во финалето (Видео)

Карлос Алкарас режираше епски пресврт во историското финале на Ролан Гарос, па иако во четвртиот сет беше на работ од бездната и на поен од пораз, на крајот излезе како победник во пресметката за паметење со Јаник Синер.
Најдолгото финале во историјата на Френч Опен заврши со тешка победа на Алкарас во пет сета, па после пет ипол часа игра, двајцата тенисери имаа само убави меѓусебни зборови, со кои покажаа дека нивното ривалство е и крајно џентлменско.
Синер веднаш му честиташе на Алкарас за неверојатниот успех и втората титула на Ролан Гарос, додека победникот возврати со убави зборови за Јаник кој загуби и петти пат во низа од Шпанецот на официјален меч.
– Сакам да почнам со Јаник. Твоето ниво на игра е неверојатно, ти честитам за се што правиш. Честитки за двете неверојатни недели, начинот на кој играш навистина многу го почитувам. Ќе бидеш мапион овде повеќе пати, веќе сега правиш историја за нашиот спорт.
– Многу сум среќен што го делам теренот и историјата со тебе. Ти си голема инспирација за малите деца, а и за мене. Затоа многу сум благодарен што вечерва беше тука со мене, – изјави Алкарас од теренот.
Carlitos with nice words for Jannik 🤝#RolandGarros pic.twitter.com/A5zOP9ZFgi
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 8, 2025
-
Англија9 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Италија15 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства3 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Италија9 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра