Поврзете се со нас

АТП

Алкарас и Зверев изборија полуфинале во Лондон и Хале (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Турнирите во Хале и Лондон се најзначајните во тенискиот свет оваа седмица, а на истите главни фаворити за пехарите се Александер Зверев и Карлос Алкарас.

Зверев е втор носител во Хале, меѓутоа првиот светски рекет Јаник Синер е елиминиран и сега тој е на два чекори од прва титула на земјема подлога.

Во денешното четвертфинале Саша беше подобар од Флавио Коболи со 2-0 во сетови со 6-4, 7-6(6) по нешто повеќе од еден ипол час игра. Нареден ривал ќе му биде Медведев, додека во второто полуфинале ќе се соочат Бублик и Хачанов.

Алкарас пак во лондонски Квинс го надигра Артур Риндеркнеш со 7-5, 6-4 за 80 минути игра.

Ривал во полуфиналето ќе му биде Руни или Баутиста Агут, а на другата страна силите ќе ги одмерат Дрејпер и Лехечка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни