Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид подзаборави на скандалот со сигурна победа над Тиквеш

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Три дена по невкусната грчка игранка во Скопје, Алкалоид се врати на обврските во домашното првенство, а тимот на Кирил Лазаров одговори позитивно на тешкиот предизвик наречен Кавадарци.

Екипата од Автокоманда како третопаслирана на табелата ја оправда фаворитската улога во дуелот против Тиквеш, па фактот што имаше водство од првата до последната минута доволно говори за тоа дека домаќините беа навистина немоќни да го одржуваат темпото.

Тиквеш имаше најмногу егал во две ситуации во првото полувреме, но Алкалоид почна драстично да се одлепува, по што на стартот на вториот дел стигна и до максимални плус 8.

Во тој момент стана јасно дека само чудо може да го остави гостинот од Скопје без победа, која на крајот беше потврдена и покрај очекуваното опуштање.

Тиквеш се избори за подостоен пораз од 24:27, но не спречи шести неуспех во ракометниот плејоф.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни