Македонија
Алими со мајсторски погодок го скрши отпорот на Вардар, Шкупи немаше решение за „пандевци“

Екипата на Шкендија ја забележа втората победа во пролетниот дел во домашниот фудбалски шампионат и тоа против жилавиот Вардар кој даде голем отпор на пресметката во Тетово.
Домаќините важеа за огромни фаворити според пласманот на табелата, но и поради се што се случува во таборот во ривалот од Скопје, но тетовци требаа добро да се испотат за да дојдат до триумфот од 2-1. Како одлучувачка се покажа мајсторијата на Алими од 62 минута кога погоди од слободен удар.
Претходно во првиот дел паднаа два брзи гола на двете страни, Мурати стрелаше во 15, а Мирчевски во 17 минута.
Со ова Шкендија ја зголеми предноста на табелата затоа што најблискиот ривал Шкупи не ја оправда улогата на фаворот во битката со Академија Пандев (0-0). Чаирчани не го најдоа патот до мрежата на Јовановски и мораа да се задоволат само со бод.
На останатите дуели Македонија и Борец одиграа без голови, Струга како гостин беше подобра од Беласија со 2-1, додека Пелистер ја надигра Ренова (3-1).
Шкендија е прва со 45 бода пред Шкупи си 37 поени, по што следуваат Македонија ЃП (35), Струга ТЉ (32)…
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија17 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија23 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал