Балкан
Адеми по потопот на Динамо: Им се извинуваме на сите, мора да…

Соочувањето на Ријека и Динамо Загреб требаше да биде вистинско дерби на хрватскиот фудбал, но наместо возбудувања и неизвесност до самиот крај домаќините го уништија ривалот со 4-0 и испратија јасна порака дека ќе се борат за пехарот и покрај заминувањата на доста важни играчи во зимскиот преоден рок.
Ова за Динамо е болен пораз, чекор назад во трката за врвот, па капитенот Аријан Адеми им се извини на сите навивачи.
-Се видовте. Заслужија да победат. Им се извинуваме на сите. Мора да продолжиме многу подобро. Имаме два големи натпревари (Осиек во Купот и Хајдук), мора да победиме без разлика на се. Мораме да ги покриеме ушите и да продолжиме. Мора да работиме уште повеќе, нема откажување. Секоја година сме мотивирани да ја земеме титулата, вклучително и оваа година. Можеби сме во нокдаун, но можеме да излеземе од него.
-Мораме да бидеме уште подобри енергетски на секој натпревар, тоа е клучот за се. Сите знаеме да играме, но енергијата ја носи титулата, -порача Адеми кој вчера беше активен за разлика од Стефан Ристовски кој остана на клупата за резерви.
-
Шпанија7 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија5 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија24 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија13 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Свет13 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Англија12 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
АТП3 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)