Поврзете се со нас

Евролига

Абалде промаши тројка за „мајсторка“, Олимпијакос дојде до вториот билет за Ф4 во Абу Даби (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/Olympiacos_BC

Кошаркарите на Олимпијакос славеа над Реал во Мадрид со резултат 86:84 и на тој начин дојдоа до конечен триумф во оваа четвртфинална серија во Евролигата.

Ова беше уште еден борбен, возбудлив меч меѓу големите ривали, двата состави имаа свои добри и лоши моменти, минути и на крајот решаваше една топка и лесно можеше да се случи да имаме „мајсторка“. Имено Фурние реализираше само едно од двете слободни фрлања на 12 секунди до крајот, па домаќините тргнаа во напад во кој одговорноста на крајот ја презема Абалде, но неговиот обид за три поени и триумф не беше успешен.

Фурние кој се врати по повредата беше прво име со 23 поени, Папаниколау додаде 12, а по 10 кошеви имаа Везенков и Вилијамс-Гос.

Кај „кралевите“ Хезоња беше во прв план со 21 поен и 6 скока.

Ова за Олимпијакос е четврти фајналфор во низа, билет за Абу Даби досега има обезбедено и Фенербахче.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни