Свет
Смртта на Марадона можела да биде избегната, неговите лекари пред сериозно обвинение
Нов извештај, подготвен од специјален лекарски тим назначен од аргентинската влада, вели дека иако Диего Марадона имал хронични здравствени проблеми, неговата смрт можела да биде избегната.
Легендарниот фудбалер почина во својот дом минатата година, а набргу се појавија сомнежи за активностите на неговите доктори, кои не се однесувале најсовесно според објавената комуникација и потезите кои ги влечеле.
Сега, притисокот врз докторскиот тим ќе биде уште поголем, бидејќи комисијата смета дека Марадона не ја добивал потребната лекарска нега и најсоодветните лекови.
Спорен момент се и лошите услови во неговата куќа, која на никој начин не ги исполнувала условите поврзани со опремата и лековите, со кои Марадона морал да располага во секој момент.
Лекарскиот тим на еден од најдобрите фудбалери во историјата преретко му правел контроли, па со тоа и немал вистинска контрола врз неговата здравствена состојба.
Аргентинските фанови одамна вршат притисок лекарите да бидат обвинети за убиство, бидејќи сметаат дека тие се виновни за смртта на нивниот идол.
-
Свет23 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија22 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија17 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија23 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)