Поврзете се со нас

Англија

Слот откри каква порака им испратил на играчите на Ливерпул по трагедијата на Жота

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Членовите на Ливерпул денеска имаа посебно емотивен ден, бидејќи излегоа пред навивачите првпат по трагичната смрт на нивниот соиграч Диого Жота.

Англискиот шампион одигра пријателски натпревар со Престон, а Менаџерот Арне Слот првпат зборувал подетално за атмосферата во соблекувалната и начинот на кој неговите фудбалери ја прифаќаат судбината на Португалецот.

– Секогаш ќе го носиме во нашите срца, во нашите мисли, без разлика каде сме и каде одиме.

– Ништо не е поважно од она што се случи, но ние сме фудбалски клуб и сакале или не, мора да продолжиме со активностите.

– Она што им го кажав на фудбалерите, можам да го кажам и пред вас. Тешко е да се најдат вистинските зборови бидејќи постојано се преиспитуваме што е пристојно, што да кажеме, што да направиме, како да се однесуваме.

– Но, јас им велам дека веројатно е најдобро да се соочиме со оваа ситуација како да сме Жота. А, под тоа мислам дека тој секогаш беше природен, без разлика дали зборуваше со мене, со навивачите или со вработените во клубот, – рекол Слот.

Ливерпул победи на денешниот пријателски натпревар со 3:1, а головите ги постигнаа Бредли, Нуњез и Гакпо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни