Свет
ЕКО Рели Акрополис 2024: Мотивираниот Ожие ќе го предизвика Нувил на „европското сафари“

Вообичаениот ден за верификација и популарно наречениот „шејкдаун“, им овозможи на учесниците на новото издание на Рели Акрополис да ги донесат последните одлуки во однос на калибрирање и адаптација на автомобилите, во пресрет на почетокот на официјалниот натпреварувачки дел.
Релито со традиција од 1973 година и овојпат ќе биде топ тема во соседна Грција, но и во глобални рамки, посебно меѓу фановите на автомобилизмот и Светскиот рели шампионат, а како десетта од вкупно тринаесет етапи сезонава, може да донесе и многу важни одлуки во однос на конечниот пласман.
Често нарекувано „европско сафари“ поради екстремниот терен и високите температури, годинешното издание на Рели Акрополис ќе донесе дополнителна неизвесност поради актуелната ситуација во генералниот пласман, но и поради специфичните услови на предвидените траси.
Тимските инспекции потврдиле дека годинава посадите ќе имаат уште потешка работа во Грција, односно автомобилите ќе бидат под поголем ризик од сериозни оштетувања, вклучувајќи ги и тие на пневматиците. Инженерите на производителот „Пирели“ само дополнително потврдија дека ризикот од оштетување на пневматиците ќе биде највисок во споредба со претходните трки од актуелната сезона и ќе биде присутен буквално на сите етапи.
Од друга страна, актуелниот лидер Тјери Нувил пристигна вo Грција со предност во однос на најголемите ривали и вест за фановите дека ќе ја продолжи соработката со Хјундаи и следната сезона, додека Себастијан Ожие доби дополнителна мотивација од победата на претходната трка и потврди дека ќе вози до крајот на шампионатот, односно на уште вкупно четири локации во светот.
Предноста на Нувил изнесува 27 поени, нешто што не е недостижно за легенда како Ожие, кој пак со евентуална титула, ќе се израмни на првото место на вечната листа според бројот на победи во WRC шампионатот (во моментов има една помалку од деветте на рекордерот Себастијан Леб).
Брзинското надмудрување на Нувил и Ожие на специфичните етапи низ Грција ќе предизвика најголемо внимание, но од позадина своја шанса ќе очекуваат и От Танак и Елфин Еванс, кои имаат мало заостанување зад актуелната вторпласирана посада во генералниот пласман.
Посадите на Хјундаи и Тојота се во отворена битка и за првото место во пласманот на конструкторите, па затоа посебно важни се резултатите на сите три претставници и на Рели Акрополис, додека Форд тешко ќе може да потсети на доминацијата на грчка територија од првата деценија на актуелниот век.
Она за што сите учесници и тимови ќе се согласат е дека стратегијата ќе биде клучна и посадите мора да бидат внимателни бидејќи секое претерано форсирање на подлогата богата со негостољубиви камења во секаков вид и големина, може да ги остави и без посакуваниот пласман и губење на важни бодови.
Важни факти пред Рели Акрополис 2024:
– Тјери Нувил води во генералниот пласман уште од првиот натпревар во Монако.
– Себастијан Ожие оствари три победи и три втори места на шесте трки на кои настапи.
– Нувил победи на ова рели во 2022 година, додека Ожие има триумф во 2011 година.
– Нувил се обидува да стигне до прва WRC титула, додека Ожие има освоено дури осум.
– Минатата година Ожие не го доврши релито во Грција, а победи Кале Рованпера кој годинава нема да учествува.
– Во конструкторскиот дуел, Хјундаи има 20 поени предност во однос на Тојота.
– Релито е составено од 15 етапи во кои натпреварувачите ќе извозат околу 300 километри.
– Кампот на учесниците е во Ламија, 200 километри од Атина, а етапите ќе ги одведат посадите и до Коринтскиот залив.
– Заедно со најатрактивната Рели 1 категорија, во сите категории се најавени 72 посади.
Специјално за „Дерби“ од ЕКО Рели Акрополис 2024
– Блашко Вељановски
-
АТП24 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија12 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија3 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет11 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)