Европски купови
Претседателот на РК Алкалоид со апел до навивачите: Да jа покажеме љубовта кон ракометот со фер и спортско навивање

Македонскиот ракометен клуб Алкалоид во недела ќе се бори за освојување на првиот европски трофеј, а претседателот Горан Минов испрати порака до навивачите, апелирајќи за спортско и фер навивање.
– Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот,
Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање.
Да навиваме со срце, да бодриме со почит и да покажеме дека вистинските навивачи се дел од фер-плејот на теренот. Ви благодариме за сета досегашна поддршка и убавите коментари за првиот одигран натпревар против РК „АЕК“. Во недела имаме пред нас уште 60 минути тежок и голем предизвик. Публиката како никогаш до сега имаме потреба да нè бодри, да навива за нас, покажувајќи респект и почит кон гостинската екипа, во духот на фер-плејот.
Со нас на трибините во недела ќе биде и нашиот најмлад навивач кој има само 2 години, а единствената официјална навивачка група на РК „Алкалоид“ „Кафетинки“ се вистински пример за тоа како е да се навива гласно, но од срце и со стил!
Да бидеме пример за спортска култура кон нашиот тим, гостите и претставниците на европската куќа на ракометот, затоа што спортот не е само борба за победа, туку и празник на почитта, заедништвото и витешката игра, – порачува претседателот на РК Алкалоид.
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал